Гвардиола: Халанд? Не знам дали ќе игра против Ливерпул...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиопла на денешната прес-конфернеција изјави дека не е сигурен дали Ерлинг Халанд ќе биде подготвен за настап во дербито против Ливерпул.

Халанд се опоравува од повредата на коленото која ја заработи минатата сабота во победата против Њукасл (4-0) и не настапи во плеј-офот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

„Можеби ќе игра, но не знам. Во сабота ќе знаеме. Денес ќе направи тестови, но ќе видиме како ќе биде утре“, изјави Гвардиола.

Сезонава Халанд постигна 27 голови во сите натпреварувања . Во натпреварот против Њуасл во кој се повреди три гола постигна новото засилување Омар Мармуш, па Пеп сега има опции во нападот.

Надвор од терените поради повреда е и Џон Стоунс кај кого можеби ќе биде потребна операција.

„Тој е повреден, а во наредните денови ќе знаеме дали ќе биде потребна операција“, додаде шпанскиот стратег.

Покрај Стоунс, на подолг период надвор од терените се Мануел Аканци и Родри. Дербито со водечкиот Ливерпул „граѓаните“ го играат в недела од 17:30 часот.