Мареска доби лоши вести пред дуелот со Астон вила

Челси в сабота гостува кај Астон вила, а тренерот Енцо Мареска доби лоши вести пред дербито од Премиерлигата.

„Сините“ имаат сериозни проблеми со повреди, а најнов во списокот кој се приклучи е Нони Мадуеке, кој ќе мора да паузира до репрезентативната пауза во март.

Гигантот од Лондон има густ распоред, односно гостува кај Астон вила, па ќе се соочи против Саутемптон и Лестер, но има и двомеч во Конференциската лига пред средбата со Арсенал на 16 март.