Барселона ќе ангажира уште еден слободен фудбалер од Лондон!?

Каталонскиот гигант Барселона планира следното лето да се засили со фудбалерот на Арсенал, Томас Парти, кој има договор до крајот на сезоната.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона сака да ги засили своите редови со искусен фудбалер, а Парти нема ништо против идејата да се пресели во Каталонија.

Парти во лето полни 32 години, а во Арсенал игра од 2020 година кога пристигна за 50 милиони евра од Атлетико Мадрид.

Барселона и претходно ангажираше слободни агенти од Лондон, а еден од примерите е Андреас Кристенсен од Челси.