
Рома на крилјата на Дибала го „нокаутира“ Порто во Лига Европа (ВИДЕО)
Саму им донесе предност на гостите од Португалија во 27. минута, но набрзо се разбуди Дибала кој со два одлични погодоци обезбеди целосен пресврт и водство на Рома од 2-1.
Еустакио доби црвен картон на почетокот на вториот дел во редовите на Порто, по што Рома го диктираше темпото до крајот на средбата и преку Писили зголеми на 3-1, додека конечниот резултат (2-3) го постави Девин Ренш со автогол.
Пласман во следното коло обезбедија и ФЦСБ со триумфот од 2-0 против ПАОК, како и АЗ Алкмар со вкупни 6-3 против Галатасарај.