Лехечка го шокира Алкараз во четвртфиналето во Доха

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше поразен од Јири Лехечка од Чешка со 1-2 во сетови, односно 3-6, 6-3 и 4-6 во четвртфиналето на турнирот во Доха.

Лехечка уште во првиот сет покажа дека ќе му создаде големи проблеми на Алкараз и го освои сетот со 6-3, по што Шпанецот се реваншира во следниот со иста мера, односно 6-3 за да израмни на 1-1 во сетови.

Големата борба продолжи во третиот сет, каде што Лехечка најпрво му дозволи предност на Алкараз од 4-2, по што со два брејка го сврте мечот во своја корист (6-4).

Чешкиот тенисер во полуфинале ќе игра против победникот од мечот меѓу Матео Беретини и Џек Дрејпер.