Работнички го промовираше Валон Ахмеди - ќе ја носи „седмицата“ (ФОТО)

Пред извесно време беше потврдено дека Работнички потпишува со искусниот фудбалер Валон Ахмеди, а денеска се случи и неговата официјална промоција.

Ахмеди е последното засилување на Работнички за пролетниот дел од сезоната. Се очекува да биде значајна принова во составот на Горан Станиќ.

Тој го одбра дресот со бројот „седум“.

Работнички беше прилично активен во зимскиот преоден рок. Од клубот од Дебар Маало замина најдобриот играч Али Регба, а Ахмеди треба да биде соодветна замена за него.