Рапсодија на Мбапе - и трето парче во мрежата на Сити! (ВИДЕО)

Францускиот голгетер Килијан Мбапе е незапирлив вечерва за Манчестер сити, откако го постигна и третиот гол против премиерлигашот во реваншот од борбата за осминафинале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Мбапе ја почна голгетерската серија во четвртата минута, кога го лобуваше Едерсон, а до крајот на првото полувреме погоди уште еднаш во мрежата на гостите.

Напаѓачот на „кралевите“ го комплетира хет-трикот во 61. минута кога ја искористи асистенцијата на Валверде и го запиша првиот хет-трик на „Сантјаго Бернабеу“.