Тренер збесна на свој кошаркар – во „Јане Сандански“ мислеа ќе го истепа (ВИДЕО)

Младинските натпревари во македонската кошарка често носат квалитени мечеви со возбудливи завршници, понекогаш и средби со огромна разлика во квалитет меѓу ривалите, но и екстремни ситуации понесени од атмосферата и адреналинот.

Токму такво нешто се случи на завчерашната средба од јуниорското првенство помеѓу Феникс и Вардар, кога тренерот на домашниот тим, Милан Димитриевски, имаше излив на емоции кон еден од своите кошаркари. Стратегот и покрај убедливото водство на неговата екипа по еден нерезонски шут веднаш побара тајмаут и во бес со спринт влета во теренот кон играчот кој погреши. Многумина во „Јане Сандански“ помислија дека би можел да го истепа, но тоа секако не се случи туку вербално и со гестикулации се обиде да му покаже каде погрешил.

Тренерот потоа навидум се смири, но десетина секунди подоцна повторно му се внесе в лице на младиот кошаркар оттурнувајќи го од себе и под казна седнувајќи го на последното место на клупата. По завршувањето на тајмаутот и смирувањето на страстите, тренерот Димитриевски, најверојатно свесен на (пре)бурната реакција дојде до кошаркарот, му пружи рака и го врати назад на терен.