Сити има тешка мисија на Бернабеу, Реал сака само да избегне пораз!

Денеска ќе бидат комплетирани осминафиналните двојки во Лигата на шампионите, се играат последните четири натпревари од плеј-офот, а најинтересно ќе биде на Сантијаго Бернабеу каде се среќаваат Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Реал Мадрид со 3-2 го победи Манчестер Сити на Етихад, па вечерашниот меч ќе го почне со гол предност. Тимот на Пеп Гвардиола ќе се обиде да помине во осминафиналето, но задачата е тешка.

Манчестер Сити е осоколен од добрата игра против Њукасл кој го победија со 4-0. Тоа вбризга самодоверба кај играчите која им беше загубена. А дали ќе биде доволна за успех, ќе се види вечерва.

Англискиот шампион брка победа, мора да нападне на Бернабеу, а тоа ќе отвори шанса за Реал Мадрид кој можеби ја има и најдобрата транзиција во Европа.

Пред мечот се води и психолошка војна меѓу тренерите. Гвардиола рече дека имаат 1% шанси за победа, а Анчелоти му врати дека не му верува не изјавата, Италијанецот не смета дека Реал има 99% шанси за осминафинале.

Интересно ќе биде и во Ајндховен каде ПСВ ќе го пречека Јувентус. Италијанскиот тим има предност од 2-1 по првиот меч.

Борусија Дортмунд со 3-0 го победи Спортинг во Лисабон, па и покрај тоа што игра лошо во Бундеслигата, не би требало вечерва да ја прокоцка големата предност.

Исто ќе биде и во Париз, ПСЖ со 3-0 победи кај Брест, па сега на домашен терен треба само рутински да го завери местото во осминафиналето.