
Завера против Дончиќ, тешка 345 милиони долари
Угледниот Њујорк Тајмс, преку својот спортски портал Атлетик открива информации дека во ноември, Далас Маверикс лажирал повреда на зглобот на Лука Дончиќ за тој да не може да игра и да пропушти голем број натпревари, а со тоа да не влезе во конкуренција за МВП на сезоната и за некоја од трите најдобри петорки. Тоа беше условот тој да добие понуда за супермакс договор кој новото раководство на Далас никогаш не планирало да му го понуди на својот најдобар играч. Станува збор за 345 милиони долари кои тој имаше право да ги добие претстојното лето, а со долгата пауза и трејдот во Лос Анџелес Лејкерс за него ќе останат само сон. Повредата на скочниот зглоб за Божиќ дојде како „кец на десетка“, но во секој случај менаџментот ќе се обидеше да го размени пред крајот на преодниот рок.
Херисон при трејдот тврдеше дека Дончиќ не е во најдобра физичка состојба иако минатата сезона токму словенечкиот суперстар го однесе Далас во првото финале по пауза од 13 години. Потоа генералниот менаџер тврдеше дека Дончиќ е трејдуван затоа што не играл одбрана, а на првиот меч без него, Мавс загубија со 43 разлика, а само во првото полувреме од тој натпревар примија 91 поен.
Во НБА во тек е паузата поради Ол стар викендот, Маверикс се осми на Западот со биланс 30/26, но имаат голем повредени кошаркари и ќе им биде мошне тешко да се задржат на тоа место.