
Мерино херој, Арсенал го реши Лестер и продолжи да го „брка“ Ливерпул (ВИДЕО)
Првото полувреме не донесе премногу возбудлив фудбал, двете екипи упатија само по еден удар во рамките од голот, па така и мрежите мируваа.
Вториот дел донесе нешто побрза игра, а клучниот потег Артета го направи со внесувањето во игра на Микел Мерино на местото на Стерлинг во 69. минута. Шпанецот, прво во 81. минута го искористи нафрлувањето од Енванвери и погоди за 1-0. Постигна Мерино и втор гол само шест минути подоцна, сега по асистенција на Тросар.
На табелата, Арсенал сега дојде до 53 бода, четири помалку од лидерот Ливерпул кој има и натпревар помалку.