
Крај на сезоната за уште еден играч на Арсенал
Врз Томијасу е извршена операција на неговото десно колено, а англиските медиуми пишуваат дека тоа значи и крај на сезоната за него.
Тој е веќе третиот фудбалер на Арсенал за кого сезоната е завршена, претходно тоа им се случи на Габриел Жесус и Каи Хаверц.
„Пред неколку дена го оперирав коленото и веќе почнав со рехабилитација за повторно да го правам тоа што најмногу го сакам. Ова сигурно е најтешкиот период во мојата кариера и ќе продолжи уште кратко, но нема да се предадам“, напиша 26-годишниот Томијасу на инстаграм.