Раул Алонсо: И покрај поразот, Пелистер е на вистинскиот пат
До крајот на групната фаза од елитното натпреварување има уште три кола во кои Пелистер ќе треба да освои повеќе бодови од Висла Плок за да се пласира во нокаут делот, а тоа нема да биде воопшто лесно. Сепак, тренерот Раул Алонсо е задоволен од прикажаното во Португалија и има комплименти за својот тим.
„Бевме 45 минути во игра против Спортинг, но потоа промашивме многу шутеви и беше тешко за нас на психолошки план. Знаеме дека мора да поправиме некои работи, но ние сме на прав пат“, рече тренерот на Пелистер по натпреварот.
Идната недела битолчани го пречекуваат Динамо Букурешт во можеби клучниот натпревар за пласман во топ-6 во својата група.