Дресот на Дончиќ од дебито во Лејкерс вреди - богатство!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во шокантен трејд се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, каде што дебитираше против Јута Џез, а дресот од неговото деби вреди богатство.

„ТМЗ Спортс“ направи истражување во кое вклучи и експерти за да одреди колку вреди дресот на Дончиќ од дебито, па процени дека истиот има вредност меѓу 500.000 долари и еден милион долари.