Самарџиев збесна на тајм-аут: Што сте се ус*але бе, е*ем му матер (ВИДЕО)

Пресметката помеѓу најголемите кошаркарски ривали, екипите на МЗТ Скопје и Работнички, ќе го даде последниот полуфиналист на завршниот турнир од Купот на Македонија во Гевгелија, а во која првото полувреме прво донесе изедначеност, а потоа и доминација на сино-белите од Аеродром.

Токму серијата со која актуелниот првак дојде до двоцифрено водство (34-20) предизвика лутина кај тренерот на центарци, Горан Самарџиев, кој повика тајм-аут за со сочен вокабулар да го демонстрира својот бес.

„Никој не право блок. Што сте се у*рале, е*еб му матер“, рече меѓу другото предводникот на центарци, во обид да ги разбуди своите кошаркари.

Ова и не помогна многу, бидејќи МЗТ набрзо потоа дојде до предност со 17 поени (39-22), а на одмор заминаа со идентична предност (45-28).