![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/13/248419-bruka-antikj-namesto-da-gleda-kup-se-druzheshe-so-vuchikj-i-dodik-vo-banja-luka-foto.jpg?itok=ICV74bmw)
Резил: Антиќ наместо да гледа Куп се дружеше со Вучиќ и Додик во Бања Лука (ФОТО)
Тоа годинава како да не важи за Перо Антиќ, човекот пред заминување од функцијата претседател на КФМ, кој наместо да се појави во „свечената ложа“ во салата во Гевгелија, особено на големото вечно дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички, реши дека поважно му е да присуствува на прослава во - Бања Лука. Тој беше „уловен“ во првите редови на Свечената Академија со која Србија и Република Српска првпат заеднички го прославуваат Денот на државноста и тоа веднаш зад првите луѓе на овие држави односно етнички ентитети, Александар Вучиќ и Милорад Додик.
Неофицијално, тој на најблиските соработници наводно им најавил дека нема да присуствува ниту на утрешните полуфинални пресметки, па се очекува само да се појави само на саботното финале. Ова е своевиден скандал бидејќи на прсти може да се избројат случаевите во кои актуелниот предводник на макбаскетот не бил присутен на завршниот турнир од Купот. Антиќ беше присутен на ланското издание од ова натпреварување во Битола и тоа од почетокот до крајот.
Поранешната играчка легенда неодамна се соочи со бунт од клубовите, кои со со огромно мнозинство покажаа дека повеќе не го сакаат да остане на челот на Куќата на кошарката, но тој успеа да ја избегне смената на ланското Собрание на „техникалии“. Но, најавите се дека најдоцна од крајот на март ќе биде свикано Вонредно Собрание на КФМ на кое ќе нема административни пречки клубови дефинитивно да му покажат црвен картон и да го испратат во историјата.