![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/13/233886-komiti-od-krstot-na-vodno-porachaa-nash-e-vardar.jpg?itok=o1tbvmBd)
Комити од Крстот на Водно - порачаа: Наш е Вардар!
Навивачите на Вардар, „Комити“ на оригинален начин од Крстот на Водно го најавија стартот на пролетниот дел од сезоната.
„СО ГОСПОД НАПРЕД - НАШ Е ВАРДАР!
Наближува втората полусезона, второто полувреме од борбата за клубот!
Седењето дома или на јужна, грицкањето семки и водењето празни муабети кои не водат никаде, не помагаат - напротив!
Само сплотена западна трибина може да го надмине предизвикот, само обединети за клубот и водени од ставот кој останува јасен и непроменет, можеме да успееме!
Во недела, да покажеме дека досегашната борба не била залудна, дека никој не може да успее во намерата да го сруши сето она кое крваво сме го граделе со години и дека над сите нас, над секој проблем со кој се соочуваме се наоѓа ВАРДАР, клубот и идеалот за кого живееме!
Ќе минат сите зла, но нема сами од себе. Затоа сме потребни сите ние - ЗАЕДНО!
Затоа подготви се за борба, за уште едно пеколно издание и да... ЗА РЕПЕТЕ затоа што Шкендија 'го сака тоа'!“, соопштија навивачите.