Брутална тепачка на меч во Бразил – најдобриот дефанзивец остана без заб (ВИДЕО)

Големото дерби помеѓу Фламенго и Ботафого во бразилската Серија А заврши со триумф на домашната екипа со 1-0, но натпреварот остана во сенка на масовна тепачка во завршницата, во која најдобриот дефанзивец на Јужна Америка, Александер Барбоса, остана без заб.

Инцидентот започна со вербален дуел меѓу Барбоса и Клејтон, кој брзо ескалираше во физичка пресметка. Хаосот се прошири кога речиси сите фудбалери се вмешаа во мешаницата, што резултираше со три црвени картони – еден за Барбоса, како и по еден за Жерсон и Клејтон.

Барбоса го загуби забот по удар од Клејтон, а на теренот беа забележани траги од крв во неговата уста, што дополнително ја потенцираше жестокоста на судирот.