Бивш фудбалер на Баерн се здобил со тешка повреда - има мали шанси да преживее!

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Гуо Џиахуан се здобил со тешка повреда на тренинг, откако бил удрен со колено во главата во четвртокот, а неговите шанси за преживување се минимални.

Братот на Гуо објави дека фудбалерот имал големо крварење во мозокот, поради што докторите прогнозираат дека има мали шанси да преживее и веќе сакале да го исклучат од апарати кои го одржуваат во живот.

Семејството на 18-годишниот фудбалер го одбило предлогот на докторите и побарало нови испитувања пред да го испратат во Кина на лекување.