Шкупи не може да ги регистрира новите засилувања, чаирчани ќе играат со стариот погон!

Поранешниот македонски фудбалски шампион Шкупи се соочува со сериозни проблеми поради ненавременото плаќање на долговите и остана без можноста за реализирање на трансфери.

Шкупи соопшти дека поради бирократски пречки не успеале да го деблокираат трансфер-пазарот на клубот.

„Сакаме да ги информираме навивачите и пошироката јавност дека поради некои бирократски пречки не успеавме да го деблокираме трансфер пазарот на клубот и покрај отплатата на сите долгови. Како резултат на тоа, клубот нема да може да ги регистрира играчите на кои им пристапил во овој период. Сепак, со тимот и сегашниот фонд на играчи што ги имаме во нашите редови, уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите главни цели за пролетниот дел од сезоната. Им благодариме на сите навивачи за континуираната поддршка и посветени сме да дадеме максимум на секој натпревар“, соопшти Шкупи.

Скопскиот тим во моментов се наоѓа на шестата позиција со само 22 освоени бодови по 18 одиграни кола.