Чикаго даде само 29 поени за едно полувреме, биковите беа прегазени од Детроит! (ВИДЕО)

Детроит имаше милост за Чикаго, победи „само“ со 40 разлика бидејќи натпреварот го реши уште во првото полувреме во кое домаќините дадоа само 29 поени, конечниот резултат беше 132-92 за Пистонс.

Поранешниот шампион на НБА, Чикаго Булс одигра срамно прво полувреме, во првата четвртина даде 18 поени, а во втората само 11. Во првиот дел биковите имаа една погодена тројка од 23 обиди.

По првото полувреме Детроит имаше водство од 71-29. Но, вториот дел од натпреварот беше рамноправен и на крајот гостите си заминаа со триумф од 132-92.

Најдобар во составот на Детроит беш Бисли со 24 поени, кај Чикаго најефикасниот имаше 12, тоа беше Литванецот Бузелис.

Резултати:

Филаделфија - Торонто 103-106
Индијана - Њујорк 115-128
Чикаго - Детроит 92-132
Феникс - Мемфис 112-119