Добра вест за Артета: Познато кога се враќа најдобриот фудбалер на Арсенал

Најдобриот фудбалер на Арсенал, Букајо Сака успешно се опоравува од тешката повреда на задната ложа поради која е надвор од терените од крајот на декември.

Арсенал паузата поради ФА Купто ја искористи за кратки подготовки во Дубаи, а Сака исто така отпатува со екипата, но работи според сопствена програма.

Сепак, неговото опоравување тече одлично и побрзо отколку што се очекуваше, меѓутоа во клубот не сакаат да ризикуваат со негово пребрзо враќање во игра. Според последните најави тој треба да се врати на терените во втората половина на март.

Сигурно е дека ќе ги пропушти натпреварите кои Арсенал ќе ги играп ротив: Лестер, Вест Хем, Нотингем Форест и Манчестер јунајтед во Премиер лигата, како и осминафиналето во Лигата на шампионите каде што Арсенал ќе игра против подобриот од двомечот Милан – Феенорд или Јувентус – ПСВ.

Во втората половина март следи и репрезентатибна пауза, а Сака би требало да биде подготвен за дуелот со Фулам на 1 април, евентуално претходно за дербито со Челси на 15 март.