Дончиќ призна: Многу бев нервозен, одамна не ми се случило ова

Иако поминал многу работи во кариерата, Лука Дончиќ призна дека бил исклучително нервозен пред дебито за Лос Анџелес Лејкерс кое го чекаше цел свет.

Можеби тоа е причината за неговата лоша статистика на овој натпревар на кој многумина очекуваа да отиде над 30 поени.

„Имав голема трема, бев многу нервозен, тоа одамна не ми се случило. Не играв долго, ова е нов тим за мене, но беше забавно на паркетот. Кога ги гледав момците на терен на претходните натпревари, едвај чекав да заиграм“, рече Дончиќ.

На својот втор натпревар, Словенецот не мора многу да чека бидејќи тој е на програмата утре вечер во Солт Лејк Сити, против истиот ривал.