Maнчестер сити се намачи, но не дозволи сензација против третолигаш (ВИДЕО)

Mногу потешко од очекувањата, Манчестер сити денеска успеа да слави победа во ФА Купот над третолигашот Лејтон Ориент со 1-2.

Пеп Гвардиола го започна натпреварот со комбиниран состав, но се очекуваше и со таков тим „граѓаните“ да немаат проблеми. Сепак, домашниот состав прв дојде до водство и тоа со гол од половина терен.

Фудбалерот на Лејтон Ориент шутираше од огромна далечина, топката ја погоди пречката, а потоа од грбот на голманот Ортега заврши во мрежата и Лејтон Ориент поведе во 16. Минута од средбата.

Имаше прилики Манчестер сити да дојде до израмнување, меѓутоа немаше реализација.

Сакаше Гвардиола да ја заврши работата во 90 минути, па како што одминуваше времето на теренот полека ги испраќаше најголемите ѕвезди. Израмнувањето дојде во 56. Минута кога Рико Луис шутираше, а топката го погоди новото засилување Хусанов и го измами голманот на домашниот состав.

На терен во последните 20-тина минтуи истрчааа и Кевин Де Брујн и Фил Фоден, токму Белгиецот во 79. Минута го постигна голот со кој Манчестер сити дојде до триумф.