
Вилјареал со два гола го „потопи“ Лас Палмас
„Жолтата подморница“ поведе со голот на Баена во 53. минута, а набрзо во листата на стрелци се запиша и Перез за предност од 2-0.
Лас Палмас успеа во 84. минута да намали на 1-2, меѓутоа домаќините немаа сила и за втор гол, па така Вилјареал ги освои бодовите.
Вилјареал се наоѓа на петтата позиција со 40 бодови, додека Лас Палмас е на 15. место со 23 поени.