![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/08/243328-alkaloid-bez-milost-ja-pregazi-struga-vardar-go-nokautira-prolet.jpg?itok=lh6DoCOF)
Вардар го „нокаутира“ Пролет, Алкалоид без милост ја прегази Струга
Вардар го контролираше текот на играта во првото полувреме, сè до завршницата кога Пролет се разигра и намали на еден гол негатива (14-15) пред паузата.
Поранешниот европски шампион имаше добар почеток на вториот дел и веднаш направи чекор кон победата, по што сигурно го чуваше водството до крајот (34-29).
Лазаревски беше најдобар стрелец кај Вардар со седум голови, додека Стојановски и Палевски постигнаа по шест голови за Пролет.
Алкалоид одигра фуриозен меч против Струга, а победата ја најави уште во првите 30 минути во кои создаде водство од +12 (17-5). Домаќинот беше за нијанса подобар од првото полувреме, но тоа не го спречи скопскиот тим да продолжи со доминацијата и да слави со 38-14.
Најдобар стрелец кај Алкалоид беше Мартин Ивановски со шест голови, додека Филип Пајкоски постигна пет погодоци за Струга.
Охрид претходно оствари триумф против Бисинов со 35-29, додека Бутел славеше против Прилеп со 33-28.