Дебакл на Жирона: Сансет со хет-трик го израдува Атлетик Билбао

Атлетик Билбао триумфира со убедливи 3-0 против Жирона во 23. коло од шпанската Ла Лига, а одличен меч одигра Ојан Сансет кој запиша хет-трик.

Сансет стрелаше двапати во финишот на првото полувреме, и тоа од пенал во 42. минута и потоа од игра во 46. минута.

Жирона беше очајна на теренот и создаде само три шанси, кои не ги искористи, по што казната пристигна во 79. минута кога Сансет го комплетира хет-трикот.

Атлетик Билбао се наоѓа на четвртата позиција со 44 бодови, додека Жирона е на седмото место со 31 поен.