
Милан преку Леао и Хименез го реши Емполи (ВИДЕО)
Првото полувреме помина без погодоци, по што Милан остана со фудбалер помалку во вториот дел откако Томори доби втор жолт картон. Набрзо и домаќинот доби црвен картон, кога Марианучи направи лош потег и удри противник.
Леао набрзо го отвори резултатот и погоди за 1-0, по што Хименез стрелаше за победа на „росонерите“ од 2-0.
Милан се наоѓа на седмата позиција во Серија А со 38 бодови, односно пет помалку од Јувентус кој е на четвртото место кое води во Лига на шампиони.