Кошаркарите на Работнички беа поразени од ТФТ Скопје со 79-81 во натпреварот, кој го одбележа драматична завршница, во 17. коло од македонската Прва лига.

Екипата од Тафталиџе имаше добар почеток на натпреварот и водство од 29-20 по првата четвртина, по што Работнички се разбуди и до полувреме намали на 47-49.

ТФТ го контролираше мечот до самата завршница, кога Работнички повторно влезе во одличен ритам и намали на само еден поен негатива (79-80), меѓутоа немаше сила за целосен пресврт.

Дарин Говенс постигна 29 поени за победничката екипа, додека Капетановиќ со 18 поени беше најефикасен кај Работнички.

ТФТ е на втората позиција во Првата лига со 29 бодови, додека Работнички е трет со два бода помалку од ривалот. Лидер останува МЗТ Скопје со 30 поени по 17 одиграни кола.