Бормут се прошета на „Гудисон парк“ и обезбеди осминафинале во ФА Купот
Семењо во 23. минута од пенал го матира Џордан Пикфорд, додека Бормут постигна и втор гол во завршницата од првото полувреме.
„Карамелите“ направија неколку измени во воведниот дел од второто полувреме, по што домаќините се разиграа во завршницата, но не успеаја да го матираат Кепа Аризабалага.
Евертон неколку пати ја погоди рамката од голот на Бормут, меѓутоа ниту еднаш не ја затресе мрежата на шпанскиот голман и со тоа се збогува од ФА Купот.