Куманово го совлада Кожув, Тиквеш го наполни кошот на Шкупи

Кошаркарите на Куманово триумфираа на домашен терен против Кожув со 99-69, додека Тиквеш го надигра Шкупи со 106-92.

Куманово доминираше во првото полувреме, кое го доби со 44-30, по што продолжи да го диктира темпото во вториот дел од средбата за на крајот да слави со убедливи 99-69.

Урош Луковиќ постигна 19 поени за Куманово, додека Стевановиќ запиша 14 поени за Кожув.

Тиквеш и Шкупи понудија одлична кошарка во првата и втората четвртина, по што на паузата со водство од еден поен (47-46) замина скопскиот тим.

Екипата од Кавадарци заигра подобро во третата четвртина и го свртеа мечот во своја корист, а на крајот триумфираа со 106-92.

Хил и Григоријевиќ постигнаа по 23 поени за Тиквеш, додека Секој Сила запиша 38 поени за Шкупи.