Богдан Богдановиќ ја продолжува традицијата на српски кошаркари во Клиперс
Двете екипи вечерва реализираа трејд во кој се вклучени тројца кошаркари и три пика на драфтот. Во замена за Богдановиќ, Клиперс ги добија Терен Ман и Бонс Хиланд, покрај српскиот кошаркар, во Калифорнија испратија и три пика во втората рунда.
Заминувањето на Богдановиќ од Атланта беше очекувано и најавувано последните недели, но во ниедна комбинација не се спомнуваа Клиперс. Екипата од Калифорнија се наоѓа на шестото место во Западната конференција и води жестока битка за пласман во плејофот со Минесота и Лејкерс.
Тој е уште еден во плејадата српски кошаркари кои играле за Клиперс, по Марко Јариќ, Жељко Ребрача, Милош Теодосиќ, Марјановиќ, Радмановиќ итн.