Србите на „машката“ боксерка од Алжир ѝ забранија настап на СП во Ниш!
Контроверзиите околу Келиф започнаа по нејзината победа на Олимписките игри во Париз, каде што освои златен медал, но и предизвика бројни полемики. Најголемиот скандал се случи за време на борбата со италијанската боксерка Анџела Карини, која се повлече по само 46 секунди, тврдејќи дека ударите на Келиф биле премногу силни за женска категорија.
„Имана Келиф не може да учествува бидејќи не ги исполнува неопходните критериуми за натпреварување. Нашите технички регулативи се јасни во однос на потребните услови што мора да бидат исполнети“, изјави Робертс.
Оваа ситуација предизвика сомнежи за полот на алжирската боксерка, а се шпекулираше дека таа можеби има состојба позната како ДСД (различен развој на полот), што се јавува кај околу 1,7 отсто од популацијата и може да резултира со присуство на машки хромозоми или анатомски карактеристики кај личност која изгледа како жена.
Дополнително, Светската боксерска федерација потврди дека Келиф не го поминала еден од тестовите, чии детали не се објавени. Вреди да се напомене дека таа беше дисквалификувана и од Светското првенство во 2023 година. По оваа контроверзија, ИБА беше исклучена од членството во Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).