Македонија на 19. место на најновата ЕХФ ранг листа - и кај мажите и кај дамите!

ЕХФ денеска го објави најновото рангирање на репрезентациите во машка и женска конкуренција, а двете наши репрезентации се наоѓаат на 19-тата позиција.

На врвот кај мажите очекувано е Данска која на Светското првенство стигна до четвртата титула во низа, додека кај дамите прва е Норвешка.

Данците на врвот имаат 112 бода и се пред Франција која на Мундијалот заврши како трета и дојде до 105 бодови. Далеку на третата позиција е Германија, а во топ 10 се уште: Шведска (79), Хрватска (73), Унгарија (66.5), Португалија (65), Норвешка (65), Исланд (58)  и Исланд (58).

Македонија на 19-тата позиција има 27.75 бода зад Србија која има 29 и пред Италија која со 23 бода е 24-та.

Кај дамите Норвешка е лидер со 116, следи Франција со 103, па Данска со бод помалку. Зад нив се: Шведска (86), Холандија (77), Германија (74), Унгарија (67), Црна Гора (66), Шпанија (51) и Словенија (49.5).

Македонската репрезентација тука има 23 бода и се напѓа пред Украина (22.5), а зад Исланд (24).