Жирона го победи Лас Палмас, Миовски остана на клупата (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски уште ги чека првите минути по паузата поради повреда, неговиот тим денеска го совлада Лас Палмас со 2-1.

Победата рано беше најавена, Руиз погоди уште во осмата минута за водство на Жирона од 1-0.

Во самиот финиш од првото полувреме Руиз пропушти да го постигне својот втор гол на натпреварот откако не реализираше пенал.

Течеше 76. минута кога нововлезениот Асприља даде гол и зголеми на 2-0 за Жирона.

Три минути подоцна Фабио Силва даде гол за Лас Палмас, намали на 2-1 за поинтересен финиш на мечот, но тоа беше конечниот резултат.