Познато кога Дончиќ ќе дебитира за Лејкерс
Дончиќ денеска пристигна во Лос Анџелес, а неговото пристигнување на аеродромот новинарите го проследија со посебно внимание. Истовремено, во спротивен правец тргна Ентони Дејвис, а во трејдот учествуваше и Јута.
Но, бидејќи Дончиќ е повреден нема дам оже веднаш да се стави на располагање на својот тим за натпреварите. Очекувањата на јавноста се натпреварот на кој ќе дебитира да биде еден од најгледаните сезонава.
Според информациите на најпознатиот кошаркарски инсајдер на „ЕСПН“, Шемс Чарни, Дончиќ би требало да дебитира пред почетокот на „Ол-Стар“ настанот кој ќе се одржи од 14-ти до 17-ти февруари.
Почетокот е закажан за 11 дена, па така јасно е дека дебито на Дончиќ е блиску.