Данскиот селектор: Хрватите ме изненадија со пласманот во финале

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен во разговор со медиумите го најави финалето на Светското првенство (СП) против Хрватска.

Јакобсен кажа дека е изненаден што Хрватска стигнала до финале.

„Ме изненадија, да бидам искрен. Но кога ги одгледав нивните натпревари, навистина играа одлично. Тие играа добар ракомет. Хрватска е ракометна земја и навистина се важни за нашиот спорт“, кажа селекторот.