НБА ѕвездите шокирани од веста дека Далас го „избркал“ Лука Дончиќ!

Шок и неверување го зафатија светот на кошарката откако беше објавено дека Лука Дончиќ преминува во Лос Анџелес Лејкерс во еден од најголемите трејдови во историјата на НБА.

Низа НБА ѕвезди, меѓу кои Џоел Ембид, Дирк Новицки и Тајрис Халибартон, експресно реагираа на социјалните мрежи, изразувајќи изненадување и недоверба кон договорот кој го промени текот на сезоната. Според ЕСПН, како дел од размената, Далас Маверикс го испраќаат Дончиќ заедно со Макси Клебер и Маркиф Морис во Лејкерс, додека за возврат добиваат Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година.

Овој потег носи огромни промени за двата тима. Лејкерс добиваат една од најголемите ѕвезди во НБА, а Далас прави драстична реконструкција на екипата околу Дејвис, кој со години важи за еден од најдоминантните центри во лигата.

Веста брзо се прошири низ спортските кругови, а многумина ја доведоа во прашање нејзината автентичност, мислејќи дека станува збор за шега или хакерски напад. Сепак, трејдот е реалност, а неговите последици ќе го обликуваат НБА светот во наредните сезони.