Дувњак: Нè очекува војна против Данска!

Хрватската ракометна репрезентација ќе се соочи против Данска во финалето на Светското првенство (СП), а натпреварот е закажан за недела од 18 часот.

Капитенот Домагој Дувњак заедно со селекторот Дагур Сигурдсон одржа прес-конференција на која кажа што очекува од дуелот.

„Имаме медал, чувството е неверојатно. Ќе уживам во натпреварот. Се надевам дека медалот може да биде залтен. Тешко ќе биде против Данска, нè очекува војна. Тие трчаат сите 60 минути, но се надевам дека ќе можеме да ја наметнеме нашата игра“, кажа Дувњак.