Гостивар потпиша со шкотски голгетер вреден 700.000 евра!
Ирвин има пазарна вредност од 700.000 евра, а треба да му помогне на Гостивар во борбата за повисок пласман во Првата лига.
Шкотскиот интернационалец претходно играше за Хелсинки, а има настапи и во Либан, Иран, но и неколку англиски тимови од кои најпознат е Лидс јунајтед.
Гостивар го заврши првиот дел од сезоната на четвртата позиција во домашното првенство со 35 бодови, а пред него се Работнички, Шкендија и Силекс со по 37 поени.