Мијаиловиќ разрешен од функцијата: Партизан избра нов претседател!

Политичката криза во Србија се пренесе и во спортот, па така Спортското друштво Партизан го разреши Остоја Мијаиловиќ од претседателската позиција.

За нов претседател е избран Жељко Танасковиќ, а одлуката е донесена на вонредно собрание кое се одржало во просториите на клубот.

Засега не е познато дали Танасковиќ ќе биде привремен претседател затоа што за позицијата се борел и Дејан Томашевиќ.

Медиумите пишуваа дека по заминувањето на Мијаиловиќ ќе биде поднесена оставка и од Жељко Обрадовиќ, кој е член на Управниот одбор на Спортското друштво.