Шипиќ: Не знам дали сум свесен, испивме 200 бруфени - само за да играме!

Херојот на Хрватска, Марин Шипиќ е под големи импресии од неверојатниот триумф на неговата репрезентација кој дојде со негов гол во последната секунда од натпреварот.

На пет минути до крајот Хрватска губеше со четири голови разлика, направи серија од 5-0 за триумф од 31-30. Победничкиот гол го постигна Шипиќ.

„Не знам дали сум свесен. Кога добив исклучување во 54. минута не знаев како ќе се извлечеме. Си мислев само Пеша да не прими гол, и не прими. Ова ми значи премногу. Испивме можеби 200 бруфени овие денови само за да можеме да истрчаме на терен. Играме, се бориме. Дуле влегува со скинат лист... сите се искинати. Мора да дадеш се од себе“, рече Шипиќ по мечот.

„Знаев дека имам малку време и морам што побрзо да шутнам. Се потсетив кога Жељко Муса во 2020 година погоди за финале. Мојот не значи дека имаме медал. Тоа што му овозможуваме на Дувњак да има повеќе натпревари на ова СП е голем мотив“.

„Хрватска може до крај, секако. Имаме шанси против било кој, одиме да се бориме за финале. Мораме колку што е можно подобро да се одмориме, наспиеме и закрепнеме“.