Невреме го одложи првиот меч на Вардар на подготовките во Анталија

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е на подготовки во Анталија, Турција, каде што ќе одигра неколку натпревари пред почетокот на вториот дел од сезоната во Првата лига.

Вардар денеска требаше да игра пријателски натпревар против Актобе од Казахстан, но истиот не се одржа поради големото невреме и обилните дождови кои ја зафатија Анталија.

Македонскиот прволигаш утре ќе има нов натпревар, односно ќе се соочи против Септември од Софија од 15.30 часот по локално време.