Познат терминот за полуфиналето меѓу Ѓоковиќ и Зверев во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во полуфинале на Австралијан опен ќе игра против Германецот Александер Зверев.

Репортерот Џим Куријер објави дека Србинот и Германецот ќе играат во термин од 4 часот наутро по македонско време.

Ѓоковиќ ќе се соочи против Зверев по 13. пат во кариерата, а досега има осум победи и четири порази.