Швјонтек гази сѐ пред себе - на Наваро ѝ препушти само три гема

Полската тенисерка Ига Швјонтек продолжува да гази во турбо ритам на Австралија опен и веќе обезбеди пласман во полуфиналето од првиот Гренд слем.

Во дуелот со Наваро, Швјонтек загуби само три гема (6-1, 6-2) и го повтори најголемиот успех на турнирот во Мелбурн. Таа не само што нема триумф на Австралија опен, туку досега не стигнала подалеку од полуфинале, а таму дојде единствено во 2022 година. На дуелот со Наваро, полската тенисерка немаше никакви проблеми, израмнето беше единствено во првите четири гема од вториот сет, се останато мина во знакот на Швјонтек.

Интересно е тоа што во досегашниот дел од Австралија Опен, на вкупно пет меча, таа загуби вкупно 14 гема од кои најмногу во првото коло против Синјакова. Во полуфиналето ќе се сретне со Кис од САД која со 2-1 ја совлада Свитолина.