Денеска обложувајте се на голови и на „нули" - таму се парите!
ТОНИ СТОЈАНОВСКИ
СЛОВЕНИЈА - ИСЛАНД (+56,5)
Во дербито за првото место во групата и за максимален број бодови во втората фаза, сигурно е само дека ниту една репрезентација нема да отстапи од својот стил. Исланѓаните ќе летаат по теренот, а Словенците ќе се обидат да го забават темпото и потоа да се потпрат на широкиот состав со којшто располага Урош Зорман. Ако Словенија го спречи брзиот центар на противникот, мислам дека ќе создаде предност. Никој не се намачи во претходните две кола против Куба и Зеленортските острови, така што ова е првиот сериозен параметар за подготвеноста на тимовите. Очекувам ефикасен натпревар, прв за нив по пет години.
ШВЕДСКА - ШПАНИЈА 1
Во големото дерби во Осло, Шведска ќе влезе со три победи по ред над Шпанија во последните две години. Тоа е тенденција што посочува нешто, исто како што претходно „армадата“ имаше подобри резултати против „трите круни“ во подолг период. Последната средба на Олимпијадата во Париз е референтна точка затоа што на Мундијалот досега двете репрезентации играа против нерамноправни ривали. Без оглед што го нема Клар, а во составот не се и Дарј и Толбринг, значи Швеѓаните се соочуваат со отсуство на значајни играчи на двата краја на теренот, им давам предност во битката за максимален почеток во главната рунда.
ЈАПОНИЈА - ЧИЛЕ (+58,5)
Директен дуел за влез меѓу 24-те најдобри селекции. Досега Јапонците и Чилеанците не можеа да се покажат затоа што играа со Шведска и со Шпанија, па претрпеа убедливи порази, макар што азискиот претставник имаше повремени солидни периоди против скандинавскиот противник. Поради брзиот ракомет и темпераментот на двете нации, мислам дека натпреварот ќе биде со многу трчање и со пократки напади, па доколку голманите немаат бравурозни интервенции, гледачите ќе видат многу голови.
ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ
За оние кои сакаат да играат похрабро и со помалку пари - систем 2/3
СЛОВЕНИЈА - ИСЛАНД Х
Дерби за пренесување бодови во главната фаза на две изедначени селекции со големо искуство на вакви турнири. Двата последни меѓусебни дуела на ЕП и на СП, беа неизвесни и со тесен резултат и затоа Х е можен исход а коефициентот привлечен.
ШВЕДСКА – ШПАНИЈА Х
Уште еден судир на гигантите. Победникот ќе стартува во втората фаза по групи со драгоцен плен. Шведска на последните пет меѓусебни дуели со Шпанија го потврди повисокот актуелен рејтинг со четири победи, на ОИ лани и финалето на ЕП 2022 на пример. Но Шпанците им ја земаа бронзата во малото финале на претходниот Мундијал. На седум од последните 20 натпревари разликата била само еден гол на крајот. Можеби е сега на ред - икс.
ЈАПОНИЈА – ЧИЛЕ Х
Историска шанса за двете репрезентации да се најдат во уште посилно друштво. Јужноамериканците се селекција која напредува, а Јапонците добиваат сè поквалитетни индивидуалци во овој спорт и европски шмек. Квалитетот е израмнет, зошто да не биде и резултатот?
ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ
ЈАПОНИЈА – ЧИЛЕ 1
По поразите од Шпанија и Шведска, симпатичните Јапонци денеска очекуваме против Чиле да ја покажат својата вистинска сила. Технички се подобри, добро користат простор на крило а транзицијата ќе им биде основно оружје. За оние кои сакаат поголем ризик, 1 прво и 1 второ.
СЛОВЕНИЈА – ИСЛАНД 1
Секое дерби е приказна за себе, но сега е време за Словенија да ја искористи формата и да дојде до трета победа по ред над Исланд со кого последен пат играа пред пет години. Благотиншек и Доленец ќе бидат најголем проблем за одбраната на Исланд.
ШВЕДСКА – ШПАНИЈА 1
Швеѓаните во последните три години немаат проблеми со Шпанија која е незгоден ривал, но во моментов не е во формата која ја красеше пред две светски првенства. Лагергрен и Карлсон против „фуријата“ ќе се обидат да покажат зошто Шведска е една од трите земји на Мундијалот со најголеми шанси за златото. Може да се проба и нула на полувреме, чисто за стотче.