Екс-фудбалерот на Јувентус направил пластична операција: Навивачите не го препознаа

Италијанецот Федерико Бернардески кој пред две ипол години го напушти Јувентус и се пресели во Торонто во МЛС лигата се го привлече вниманието поради својот изглед.

Имено, Бернардески даде интервју за клупскиот сајт, а навивачите најмногу го коментираат изгледот на фудбалерот.

Бернардески по преселбата во Канада направи пластична операција на лицето, но голем дел од фановите коментираат дека тој изгледа постаро отколку претходно.

„Изгледа маскирано“, „Се гледа дека се навикнува на животот во Торонто, таму пластичните операции се секојдневие“, „Изгледа како да има 50, а не 30 години“, „Што му се случило, не го препознав?“, се само некои од коментарите под видеото.

Инаку, во Торонто Бернарески е еден од поважните фудбалери на тимот, но и еден од најплатените во МЛС лигата со плата нешто помалку од пет милиони евра по сезона.