Пешевски: Најважно е што победивме и обезбедивме втора фаза!

Македонската ракометна репрезентација денеска славеше очекувана победа над Гвиенја и така го потврди пласманот во следната фаза.

Иако победата беше убедлива, пикерот Пешевски смета дека не било така рутински како што изгледало.

„Не можам да се согласам дека беше рутински, најважно е што победивме и што продолжуваме во втората фаза. Отворивме малку потешко од очекуваното, бевме во грч, но на крајот искуството и квалитетот го одлучија натпреварот. Не чекаат тешки противници кои бараат пред се една голема подготвеност, но ние сме на добар пат и ќе продолжиме да се бориме и се надеваме да ја радуваме публиката“, изјави Пешевски.

Втората фаза Македонија ја започнува против Австрија во вторник.