Доказ дека кошарката ни е селска: Во Куманово нема да се игра поради расипан семафор!

Натпреварот меѓу МКК Куманово и Пелистер кој беше закажан за 18 часот, нема да се игра вечерва бидејќи домаќините не ги исполнија условите за игра за кои беа опоменати од Кошаркарската федерација.

Не функционераа уредите за мерење на нападите (24 секунди), а од Пелистер, како што најавија уште пред почетокот на втората полуетапа, не се согласија да се игра без нивна функција. Домаќинот се обиде да го реши проблемот, но не успеа во тоа, па судиите почекаа 20-тина минути и официјално го одложија натпреварот.

На кумановци им е даден рок до утре напладне да го решат проблемот. Во спротивно, најверојатно натпреварот ќе се игра утре од 18 часот во Кале во Скопје. Она што се случи во Куманово е само доказ за аматерското ниво на кое е стигната македонската кошарка од кое прашање е дали ќе успее да се крене некогаш.