Ако сакате добивки „врзете“ ги Норвешка и Хрватска - чисто и на голови!

Почнувајќи со средбите од втората рунда од прелиминарната фаза на ракометното СП во Хрватска, Данска и Норвешка, „Спорт1“ ќе се обиде да ви помогне повеќе да уживате во возбудувањата од шампионатот со предлог-типови на коментаторите на МТВ, кои во следниот период ќе ви ги пренесуваат возбудувањата од Вараждин каде што игра Македонија.

ТОНИ СТОЈАНОВСКИ

ЕГИПЕТ - ХРВАТСКА Х2
Во дербито коешто решава за максимален број бодови по првата фаза, Хрватска има мала предност поради домашниот терен, иако ги загуби повредениот капитен Дувњак, како и двигателот на тимот Циндриќ.Тоа може да биде удар за четата на Сигурдсон, но вчера на репрезентацијата и се приклучи поранешниот вардарец Игор Караџиќ, па неговото присуство ќе го врати духот кај соиграчите. Египет е сериозна селекција, славеше на последното Светско првенство со 9 гола разлика, но иако тоа е показател, сепак е нереално да се очекува дека африканскиот првак и во Загреб ќе одигра таков натпревар. 
 
НОРВЕШКА - ПОРТУГАЛИЈА +58,5
Норвежаните загубија од Бразил на отворањето на Светското првенство и веќе немаат право на кикс. Нивната генерација којашто се појави на сцената пред деценија, полека влегува во завршна фаза, а настапот пред своја публика е последна шанса за голем резултат. Од трибините ќе грми, норвешките ракометари ќе летаат по теренот, а тоа важи и за Португалија која е брза репрезентација со огромен напредок во последните години. Поради стилот на двете репрезентации, очекувам ефикасен натпревар со многу голови. Шест од последните седум меѓусебни пресметки беа над оваа граница.
 
УНГАРИЈА - ХОЛАНДИЈА 1
Дербито во нашата група во Вараждин ќе донесе голема борба, а ќе пресуди подготвеноста на Унгарците да го запрат творецот на холандскиот напад Лук Стеинс. Чема Родригез ќе има вистинска тактика, нема сомнеж во тоа, Шипош и Лигетвари ќе носат голем дел од товарот, а клучна може да биде поголемата ротација на Унгарија. "Лалињата" сега ќе немаат поддршка од судиите, а тоа што Штафан Олсон не располага со толку играчи како ривалот, ќе биде тежина во концепцијата за натпреварот во "Арена". Можеби нам нема да ни одговара таков епилог, но очекувам победа на Унгарија.
 
ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ
УНГАРИЈА - ХОЛАНДИЈА
Унгарија е физички помоќна селекција со цврста одбрана, но Холандија има јасен концепт, брз ракомет, користење на секоја зона и реализација на ,,лесни голови". Мислам дека и покрај тоа што Унгарија е фаворит во овој меч, на крајот ,,лалињата" ќе се израдуваат на победа. На последното соочување на овој два тима пред 3 години победи Холандија со 3 разлика во натпревар со 59 голови.
 
НОРВЕШКА - ПОРТУГАЛИЈА  1
Норвежаните по поразот од Бразил се вратија во ритам и сега против Португалија треба да покажат кој е кој во оваа група. Португалците во ова дерби влегуваат од првата позиција на табелата со аспирација да ја задржат предноста иако тешко ќе им биде во дуелите со Торсен Род и Ар. На последните осум дуели на овие два тима Португалија победуваше два пати. Покрај Македонија, денеска очекуваме убедливи победи и на Германија и на Бразил.
 
ЕГИПЕТ - ХРВАТСКА 2
Домаќинот во Загреб денеска ќе биде доминантен против Египет со желба за победа и пренос на 4 бода во следната фаза. Египет не е репрезентација која може да ја загрози позицијата на ,,коцкестите". Ова и покрај тоа што на минатото Светско првенство овие две земји беа вониста група а Египет го освои првото место и ја совлада Хрватска со девет гола разлика.

ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ

УНГАРИЈА - ХОЛАНДИЈА
Директен двобој за пренесување на бодови во главната фаза. Унгарците кикснаа со Македонија и не смеат да дозволат нов минус ако сакаат да прогресираат кон висок пласман. Последниот меѓусебен двобој им припадна на "лалињата", на ЕП 2022, по двете победи на Унгарците.
 
НОРВЕШКА -ПОРТУГАЛИЈА 1&+58,5
Уште еден дерби дуел за пренесување значајни бодови во наредната фаза.Норвежаните беа сензационално поразени во Осло од Бразил и се освен победа ќе биде големо разочарување. Португалците се опасен ривал, но на последните осум меѓусебни дуели победиле   само два пати.
 
ЕГИПЕТ - ХРВАТСКА 2&-56,5
Домаќинот без повредениот  Дувњак, но со Карачиќ како негова замена,  знаат да одиграат вакви натпревари , особено пред своја публика. Мотив плус секако дека е дебаклот против африканскиот состав на претходното СП, кога загубија со девет гола разлика во првата победа на "фараоните" на Големите настани. Минус голови зашто и двете селекции имаат гранитни одбрани.